info@luma.mk
+389 72 222 210
Viber
Бесплатна достава над 5.000 МКД
Стани партнер
Најава / Регистрација
Бесплатна достава над 5.000 МКД
Оригинални и компатибилни
Испорака 24–48 часа
Нарачки онлајн 24/7
Гаранција на квалитет

Како да го најдам вистинскиот тонер за мојот принтер

Купувањето тонер „на око“ е најчестата причина за погрешна нарачка. Со неколку чекори го наоѓаш вистинскиот за минута.

1. Најди го точниот модел на принтерот

Моделот е испишан на предната или горната страна на принтерот, на пример „LaserJet Pro M127fn“, „HL-L2350DW“ или „MF3010“. Може да го најдеш и на налепницата позади. Буквите на крајот (fn, dw, w) покажуваат верзија, но истиот тонер често одговара на повеќе верзии.

2. Провери го кодот на стариот тонер

На самиот кертриџ пишува код, на пример CF283A, TN-2420, TK-1170 или 106R02773. Со тој код го наоѓаш истиот тонер во продавницата.

3. Најди го тонерот по модел

На страницата „Тонер по модел“ го внесуваш моделот и добиваш список на тонери што му одговараат. Кај секој пишува цената или можеш да прашаш за цена.

Што значат буквите A и X?

Кај HP тонерите буквата на крајот на кодот покажува капацитет. „A“ е стандарден капацитет, „X“ е зголемен капацитет (печати повеќе страници). Пример: CE285A и CE285X. Ако печатиш многу, тонерот „X“ обично е поисплатлив по страница.

Колор принтерот користи 4 тонери

Колор ласерските принтери користат четири бои: црна (Black), сина (Cyan), магента (Magenta) и жолта (Yellow). Црната обично се троши најбрзо, па затоа често се менува посебно.

Некои принтери имаат и барабан

Кај некои принтери (особено Brother) покрај тонерот има и посебен барабан (drum). Барабанот се менува поретко од тонерот, обично после неколку тонери.

Сè уште не си сигурен?

Прати ни го моделот на принтерот или слика од налепницата и ќе ти кажеме кој тонер одговара.

🛒 Кошница

Вкупно: 0 МКД
Нарачај →