info@luma.mk
+389 72 222 210
Viber
Бесплатна достава над 5.000 МКД
Стани партнер
Најава / Регистрација
Бесплатна достава над 5.000 МКД
Оригинални и компатибилни
Испорака 24–48 часа
Нарачки онлајн 24/7
Гаранција на квалитет

Тонер со чип или без чип — која е разликата

Во понудата ќе видиш тонери „со чип“ и „без чип“. Еве што значи тоа.

Што е чип?

Чипот е мала електронска плочка на кертриџот. Преку него принтерот го препознава тонерот и го брои бројот на отпечатени страници.

Тонер со чип

Во повеќето случаи се става и работи веднаш — принтерот го препознава кертриџот. За повеќето корисници ова е наједноставниот избор.

Тонер без чип

Нема електронски чип. Некои принтери (најчесто постари модели) чипот не го бараат. Кај други, чипот од стариот кертриџ се префрла на новиот.

Како да знам кој ми треба?

Кај повеќето тонери, на страницата до бројот на копии пишува „Со чип“ или „Без чип“. Ако тоа не пишува или не си сигурен што му треба на твојот принтер, прати ни го моделот и ќе ти кажеме.

Принтерот јавува грешка за кертриџ

Ако по ставањето на тонерот принтерот јави грешка, прво провери дали кертриџот е добро вметнат и дали е оној што одговара на твојот модел. Ако грешката остане, јави ни се — ќе ти помогнеме.

🛒 Кошница

Вкупно: 0 МКД
Нарачај →