info@luma.mk
+389 72 222 210
Viber
Бесплатна достава над 5.000 МКД
Стани партнер
Најава / Регистрација
Бесплатна достава над 5.000 МКД
Оригинални и компатибилни
Испорака 24–48 часа
Нарачки онлајн 24/7
Гаранција на квалитет

Зошто принтерот печати блед или со линии

Лошото печатење не значи секогаш дека ти треба нов принтер. Најчесто е до тонерот или барабанот.

Бледо печатење

Извади го тонерот, внимателно протреси го лево-десно и врати го. Ако печатењето се подобри, тонерот е при крај и наскоро ќе ти треба нов. Провери и дали е вклучен режимот за штедење тонер.

Повторливи точки или линии

Ако иста точка или линија се повторува на исто растојание, најчесто е истрошен или оштетен барабан (drum), а не тонерот. Тогаш се менува барабанот.

Црни траги или сива позадина

Може да е оштетен барабан или тонер што протекува. Замени го кертриџот и провери дали проблемот останува.

Хартија и поставки

Кога да ни се јавиш

Ако нов тонер или барабан не го реши проблемот, причината може да е во самиот принтер (на пример фјузерот — делот што го „пече“ тонерот на хартијата). Јави ни се со моделот и опис на проблемот.

🛒 Кошница

Вкупно: 0 МКД
Нарачај →