Почетна›Водичи›Оригинален или компатибилен тонер — што да изберам
Оригинален или компатибилен тонер — што да изберам
Двата вида се за истиот принтер. Разликата е во цената, производителот и гаранцијата.
Оригинален тонер
Го произведува истата фирма што го прави принтерот (HP, Canon, Brother, Kyocera и други). Најсигурен е за квалитет и компатибилност, но е најскап.
Компатибилен тонер
Го произведува друга фирма според моделот на оригиналот. Обично е значително поевтин. Квалитетот зависи од производителот, затоа кај нас компатибилните тонери се со 1 година гаранција.
Кога што да изберам?
- Оригинален: ако ти е најважна сигурноста или печатиш важни документи.
- Компатибилен: за секојдневно печатење дома и во канцеларија, особено кога печатиш многу и цената по страница е важна.
На што да внимаваш при купување
- Провери дали кодот на тонерот одговара на твојот принтер.
- Прашај за гаранција и за тоа дали е со чип или без чип.
- Многу ниска цена од непознат продавач често значи слаб квалитет.